Вие имате прво да ја знаете вистината

Европската унија воведе санкции против руската паравоена група „Вагнер“ која наводно ја води помошник на Путин

Европската унија попладнево воведе санкции за руската паравоена група Вагнер, осомничена за блиски врски со Кремљ и чии членови биле вклучени во голем број кризни жаришта низ светот.

Групата Вагнер регрутирала, обучувала и испраќала платеници во кризните жаришта ширум светот, вклучувајќи ги Либија, Сирија, Донбас во Украина, Централноафриканската Република, каде сериозно ги прекршиле човековите права, велат од ЕУ.

Санкции беа изречени против самата групација Вагнер, осум физички и три правни лица поврзани со неа.

„Денешната одлука има за цел да се бори против субверзивните активности на Вагнер и да ја сигнализира силната решеност на ЕУ да се залага за своите интереси и вредности во нејзиното соседство и пошироко, и да преземе опипливи мерки против оние кои го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност и го кршат меѓународното право“, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Одлуката ја донесоа министрите за надворешни работи, кои денес се на средба во Брисел.

Рестриктивните мерки воведени денеска се договорени според четири различни режими на санкции: глобален режим на санкции за човекови права на ЕУ и режим на санкции во Либија и Сирија и поткопување на територијалниот интегритет на Украина.

Санкциите вклучуваат замрзнување на имотот и забрана за патување во ЕУ.

Според некои извори, групата Вагнер е руска паравоена организација или приватна безбедносна компанија, наводно водена од бизнисменот Евгениј Пригожин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!