Вие имате прво да ја знаете вистината

За оваа жена глава губеа момчињата! Таа се омажи со милијардер и скрши многу срца (фото)

Поранешниот модел и актерка Џери Хол, успева да го привлекува вниманието на јавноста со својот животен стил уште од нејзините почетоци во светот на шоу-бизнисот. Можеби најмногу со бракот со легендарниот рокер и фронтмен на познатата група, Ролинг Стоунс, Мик Џегер, а денес е во љубовна врска со Руперт Мардок, кој е 25 години постар од неа.

Џери Хол го освои срцето на Мик Џегер како волшебна убавица уште во 1977 година, а таа се омажи за него дури во 1990 година на егозтичната локација Бали. Девет години подоцна нивниот брак беше прогласен за неважечки, а наскоро после тоа тие решиле да ја прекинат врската, а причината за ова наводно се наведува дека било неговото неверство и аферата со други жени. Но, не само тој и таа и нејзиното име се врзуваа со повеќе афери и неверства, што и самата еднаш тоа го призна.

Имено, во далечната 1980 година, таа била и имала афера со тогаш оженетиот американски тајкун, Роберт Сангстер, а се со цел за да му се одмазди на Мик за едно од неговите неверства кон неа.

Имав афера со Роберт, но Мик ме молеше да се вратам кај него. Мислев дека ќе се промени во одреден момент, но тој никогаш тоа не го направи. Неговите постапки кон другите жени беа прилично гадни, но тоа беше единственото нешто што ме нервираше за него, изјави таа во едно интервју.

Сè започнува откако таа како една од петте сестри кои потекнуваат од малиот тексашки град Гонзалес, заминува во Париз со само 800 долари во џеб и со намера да стане модел, што и успева благодарение на нејзиниот атрактивен изглед. Нејзината мајка, која беше голема љубителка на филмската индустрија и филмовите ѝ има предложено да сонува повеќе односно да сонува за актерска кариера, и и предложи да оди во далечната Франција.

Џери до денес успеа да постигне многу повеќе од тоа што нејзината мајка и кажувала да сонува, а сега таа на 65 години ужива во љубовта со Руперт Мардок (90 г.) со кој се вери во 2016 година, а веста за свршувачката ја објави весникот Тајмс, кој е во сопственост на Руперт. Секој слободен момент го поминуваат заедно и уживаат во патувањата по кои папараците ги следат нивните стапки.

Но, освен Мик и сега Руперт, свој белег во нејзиниот љубовен живот оставија и уметникот Енди Ворхол, историчарот Адам Замојски, основачот на Мајкрософт, Пол Ален, продуцентот Џорџ Во, играчот на крикет Шејн Варна и претприемачот Ворвик Хемсли.

Од нејзината младешка убавина остана малку, но Џери денес не е оптоварена со изгледот, туку ужива во животот и љубовта што успеа да ја најде во старите години.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!