Вие имате прво да ја знаете вистината

Зошто Лепа Брена никогаш не сака да коментира за оваа нејзина афера ? Се гледале тајно на јахта а тој секогаш и купувал многу цвеќиња (фото)

Имаше нешто помеѓу нив, ова во главно се шпекулираше во средината на осумдесеттите години. Има некоја тајна врска, како што и кажува познатата песна на бендот Бело дугме. До ден денеска, останува мистерија дали Горан Бреговиќ и Лепа Брена која е апсолутно најголема југословенска ѕвезда, биле во тајна врска, што секако најмногу ја заинтригираа тогашната јавност и медиумскиот свет.

И двајцата внимателно го криеја својот приватен живот од новинарите и папараците, што не беше многу лесно бидејќи беа енормно популарни. Сепак, низ весниците тогаш кружеа заеднички фотографии, иако истите може да се протолкуваат како чисто пријателски. Минатата година, загрепскиот „Јутарњи лист“ наиде на една фотографија снимена во летото 1984 година. Направена е на изолираниот мал остров Шќедро, во близина на Хвар. Двајцата се насмеани и опуштени. Но дали се заљубени ?

Лепа Брена и Горан Бреговиќ биле видени на јахта, беа насловите кои ги натераа луѓето да се соберат по киосците и да ја видат форографијата. Според сведоците, таа јахта стигнала до осамениот остров. А соседите на познатата пејачка, која тогаш живеела во Нови Сад, раскажуваат дека често во нејзиниот крај гледале маж кој личи на Бреговиќ и секогаш доаѓал со полни раце цвеќе и подароци.

Што било – поминало, доколку и воопшто нешто имало помеѓу нив. Двајцата денес се во фер однос. Во 1993 година, Горан го кажа судбоносното да во Париз на Џени Суџуки, со која е среќно оженет и има три ќерки. Брена пред три децении се омажи за Слободан – Бобо Живојиновиќ, што е и љубовна приказна која ги надмина сите искушенија, предизвици и озборувања.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!