Вие имате прво да ја знаете вистината

Кевин Дурент ѕвезда на вечерта, ЛеБрон Џејмс откри што е вистинската тајна на успехот! Драматична ноќ во НБА лигата

Сан Антонио Спарс брзо се опорави од доминацијата на Јокиќ минатата вечер, секако бидејќи екипата на Пеликанс се многу послаб противник од екипата каде настапува Јокиќ, Денвер Нагетс. Спарс успеаа дс ја добијат последната четвртина со 14 поени разлика. Одличната игра на Австриецот, Јакоб Пелтл, централниот играч на екипата го заврши натпреварот со 24 поени, 12 скока, а додека 24 поени постигна и Дерик Вајт, кој бележеше успешна реализација од 60 отсто од шутовите кон обрачот.

Кевин Дурент е ѕвездата на ноќта, тој доминираше на секое поле од теренот, успеа да постигне 51 поен, а ова воедно е и најмногу постигнати поени од сите играчи сезонава на екипата на Бруклин Нетс, кои вчера славеа во Детроит. Џејмс Харден одмараше, па неговото неприсуство на теренот го презеде Дурент, успешно се снаоѓаше од минута во минута. Од противничката екипа, Пети Милс постигна 18 поени, Нетс разликата ја направија во последната четвртина која ја добија со резлутат 30:13. Екипата на Пистонс имаат не славен рекорд од 12 натпревари по ред и само пораз, тие наскоро ќе бидат еден месец без победа.

Екипата на Далас успеа да слави победа без Лука Дончиќ. Првпат сезонава екипата на Мавс славеа без Словенецот, Џејлен Бренсон беше во првата петорка, одигра добар натпревар во Оклахома, постигна 18 поени. Тимот од Тексас е со 50 отсто успех сезонава (13-13). 

ЛеБрон успеа да биде секаде и на сите настани. Тој се врати во петокот од турнејата гостински натпревари со Лејкерс, одлета во Аризона каде беше во првите редови да го гледа неговиот син Брони во акција, се врати во Лос Анџелес и успеа да забележи трипл-дабл учинок против екипата на Орландо Меџик. Тој е премногу витален како за 37-годишен спортист, а неодамна изјави дека тајната на успехот е во добриот сон, дека добро и убаво спиел по враќањето од Аризона, но и дека неговиот син и училишниот тим му се инспирација. На теренот неговата среќа ја „почувствуваа“ и кошаркарите на Меџик, тој успеа да постигне 30 поени, 11 скока, 10 асистенции, речиси половина од постигнатите поени ги даде во третата четвртина кога домаќинот направи солидна предност. Ова е 101. трип-дабл за Леброн во кариерата, на теренот го немаше повредениот Ентони Дејвис а додека плеј играчот Вестбрук постигна 19 поени. 

На екипата на Портланд не му помогна ниту враќањето на теренот на Лилард, тој постигна 24 поени, но Минесота ја прекина лошата серија во Орегон и им го нанесе петтиот последователен пораз на Блејзерс. Таунс постигна 23 поени, бележеше и 10 скока, во финишот на натпреварот, неговиот тим успеа да дојде до предност врз домашниот тим, играчот Д’Анџело Расел во тие моменти одигра одлично, натпреварот го заврши со 18 поени. 

Екипата на минатогодишниот НБА шампион, Милвоки Бакс успеа да слави победа над екипата на Њујорк Никс во МСГ арената. Мидлтон постигна 24 поени, Џенис 20 поени проследени со 11 асистенции и 10 скока, што е негов прв трипл-дабл сезонава. Бакс водеа од почеток до крај. Никс сега со овој пораз се на резлутат од 12-15, губејќи три натпревари по ред и седум од последните десет.

Детроит – Бруклин 104: 116
Оклахома – Далас 84: 103
Сан Антонио – Њу Орлеанс 112: 97
Портланд – Минесота 111: 116
ЛА Лејкерс – Орландо 106: 94
Њујорк – Милвоки 97: 11

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!