Вие имате прво да ја знаете вистината

Крваво бдеење во Тексас: Од возило во движење припукале кон група од 30 луѓе, меѓу 13-те повредени и едно дете

Едно лице загина, а најмалку 13 се повредени во неделата вечерта во пукање од автомобил за време на бдеење во близина на Хјустон, потврди полицијата.

Шерифот на округот Харис, Ед Гонзалес, рече дека пукањето се случило околу 18:40 часот, кога околу 30 луѓе се собраа во Бејтаун, околу 40 милји западно од Хјустон.

„Токму кога пуштаа балони, дојде возилото“, рече тој. „Речиси точно во тоа време отворија оган врз насобраните.

Тројцата повредени со хеликоптер се префрлени во болниците, рече Гонзалес. Се верува дека еден од повредените е мало дете, рече тој.

Подоцна полицијата била повикана во медицинскиот центар во Бејтаун, каде некои од ранетите биле однесени бидејќи таму избувнале „немири“, рече Гонзалес.

Властите веднаш не дадоа опис на осомничениот за пукањето, а апсењата не беа објавени.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!