Најдобриот тенисер на планетата наоѓа енергија за претстојните турнири на планината каде што израснал.
Ако се суди по објавите на фан страните на Инстаграм, Новак Ѓоковиќ и покрај обврските не можеше да го прескокне одењето на Копаоник ниту оваа зима. Иако распоредот му е густо набиен и има многу малку време за опуштање, тој и остана верен на српската планинска убавица.
Додека престојувал на истото место, на своите сопатници им објаснил колку емотивно е врзан за таа дестинација.

Конечно повторно сум на Копаоник. Тука пораснав, за прв пат играв тенис и се осмелив да сонувам за професионална кариера. Ова е моето омилено место во светот! Прекрасно е да се сеќавам на моето детство – напиша Ѓоковиќ на Фејсбук и Твитер.
Судејќи по описот на фотографијата, младите спортисти ја искористија можноста да се фотографираат со нивниот, очигледно, омилен тенисер.

Новак и официјално се најде на списокот на играчи за АТП купот кој на 1 јануари ќе се игра во Сиднеј, што го потврди и организаторот. Затоа се очекува тој да продолжи за Мелбурн, по првиот Грен слем сезонава.