Вие имате прво да ја знаете вистината

„Најлошо ни беше за 19-от роденден“: Близначките открија бизарни детали од вилата на „Плејбој“

Поранешните девојки на Хју Хефнер, близначките Шенон, дадоа детали за нивната врска со сега починатиот основач на магазинот „Плејбој“ – од строги и контролирани правила кои важеа за нив двете, до чудни и според нивните зборови „груби“ сексуални средби.

Сето тоа оставило емотивни последици врз Карис и Кристина Шенон. Како што пишуваат американските медиуми, близначките додека ја гледале документарната драма за принцезата Дијана, и двете одеднаш имале напади предизвикани од посттрауматско стресно растројство.

Начинот на кој кралското семејство се однесуваше кон Дијана и ја држеше под постојан надзор ги потсети на времето кога беа во врска со Хју Хефнер, кога се вселија во вилата околу 2008 година и имаа само 18 години.

На виделина излезе и дека фотографиите кои близначките ги испратиле до магазинот „Плејбој“ се направени на 17 години.

„Хеф даде многу ветувања. Ние не знаевме ништо подобро“, велат тие.

Плејбој трауматско стресно растројство

Близначките живееле со Хефнер 3 години, па дури и настапувале во реалното шоу „Girl’s Next Door“, кое се фокусирало на жените кои живееле со Хју Хефнер. Некои од чудните правила кои сестрите Шенон морале да ги почитуваат се: полициски час од 21 часот, забрана за разговор со мажи, запишување каде одат, време и датум.

Дури и ги критикувале за едноставни работи како носење лак за нокти во различни бои, бидејќи не се „совпаѓале“.

„Никој не знае низ што поминавме и какво е чувството да се биде 18-годишна девојка со 83-годишен маж кој има орален секс со сестра ти близначка на твојот 19-ти роденден. Тоа е нешто што не можеш да го заборавиш. “, рекоа близначките за „Радар“.

Понатаму истакнаа дека никогаш не правеле ништо инцестуозно, но како што велат Хефнер истовремено ги натерал да имаат секс со него.

„Да немавме истовремено секс, немаше да ни дозволат да останеме. Се изгубивме во вилата. Имавме само 18 години и не знаевме во што се навлегуваме. Она што не принудија да го правиме во спалната уништено не уништи и никогаш повеќе нема да бидеме исти“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!