Вие имате прво да ја знаете вистината

Најмалку две лица загинаа во поплавите во Шпанија: Евакуирани повеќе од 50 луѓе

Најмалку две лица загинаа во поплавите во северна Шпанија, а повеќе од 50 се евакуирани од погодените области, соопштија денеска властите.

За смртта на двете лица во изминатите три дена, владата го обвини излевањето на надојдените реки по обилните врнежи од дожд и снег.

Поради излевање на реката Ебро, властите денеска наредија евакуација на 55 жители од селата на границата на регионот Навара и Арагон, каде се на сила предупредувањата за опасни временски услови.

Нивото на реката Ебро во некои области се искачи на 8,5 метри, со што беше соборен рекордот поставен за време на поплавите пред шест години.

Властите во Сарагоса, главниот град на Арагон со 680.000 жители, се подготвуваат за поплавите кои се очекуваат утре.

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ги поврза поплавите со растечките последици од климатските промени на Пиринејскиот Полуостров.

Тој најави дека Владата ќе објави декларација за „зоната на катастрофа“ со која ќе се предвиди издвојување на посебни средства за подрачјата погодени од невремето.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!