Вие имате прво да ја знаете вистината

Паника во Киев: Документот е на масата на Бајден, а Америка ја одложува конечната одлука

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготви пакет воена помош за Украина во вредност од 200 милиони долари, но ја прекина испораката.

Иако властите во Киев испратиле бројни апели, помош не била испратена, објави телевизијата NBC, повикувајќи се на свои извори.

Се наведува дека се очекувало доделувањето на тој пакет помош официјално да биде објавено минатата недела, но Белата куќа одлучила да ја одложи конечната одлука.

Телевизиски извори тврдат дека Вашингтон сака преку дипломатија да се обиде да ги намали тензиите околу ситуацијата со Украина.

Неименуван соговорник тврди дека документот со кој се одобрува пакетот воена помош за Киев „се наоѓа на масата на претседателот Бајден веќе три или четири недели“.

Сè уште не е познато што вклучува пакетот воена помош од 200 милиони долари.

Соговорниците посочуваат дека Украина барала системи за противвоздушна одбрана, противбродски ракети, противтенковски ракети „Јавелин“, радари, модернизирана артилериска муниција и лекови.

Ен-Би-Си потсетува дека Киев добил позитивен одговор на тоа барање пред околу еден месец, па сега украинската влада е „збунета“ и не разбира зошто помошта не стигнала, како што се очекувало.

Телевизиски извори сметаат дека е можно Белата куќа да ја гледа оваа партија за помош како инструмент за притисок врз Москва и дека таа ќе биде испорачана на Украина доколку Русија преземе воени дејствија против Украина.

Да потсетиме, западните земји и Киев неодамна ја обвинија Русија дека подготвува наводна инвазија на Украина, поради што се почесто зборуваат за подготвеност да воведат невидени санкции кон Москва во тој случај.

Русија постојано демантираше дека планира такво нешто, нагласувајќи дека движењето на воените сили на нејзина територија, што предизвикува загриженост на Запад и особено во соседните земји, е нејзино суверено и уставно право.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!