Вие имате прво да ја знаете вистината

Поранешна данска министерка е осудена на 60 дена затвор за незаконско разделување мигранти

Поранешната данска министерка за имиграција и интеграција денес беше осуден на два месеци затвор поради незаконско разделување на неколку парови кои барале азил бидејќи жената била малолетна.

„Ингер Стојберг беше прогласена за виновна за намерно кршење на законот за министерска одговорност. Казната е строг затвор од 60 дена“, соопшти судот.

Обвинета за кршење на Европската конвенција за човекови права со наредба за раздвојување на двојките баратели на азил, од кои некои имаа деца затоа што жените беа помлади од 18 години, Стојберг се изјасни за невина.

Во 2016 година биле разделени 23 парови, без претходно поединечно разгледување на нивните случаи, по налог на министерот. Тие потоа се сместени во посебни прифатни центри додека не се разгледаат нивните барања за азил.

Парламентот сега треба да одлучи дали Стојберг ќе се откаже од пратеничкиот имунитет.

Стојберг беше министер за имиграција од 2015 до 2019 година во централнодесничарската влада поддржана од десничарската популистичка Данска народна партија која се противи на имиграцијата. Таа се пофали дека е заслужна што усвоила повеќе од 110 амандмани со кои се ограничуваат правата на странците во земјава.

Меѓу нив е и мерка за конфискација на имотот на мигрантите за да се финансира нивната грижа во Данска.

Нејзиниот случај е само трет пат од 1910 година кога политички функционер мора да одговара пред 26 судии од специјален суд во Данска кои судат министри кои ја злоупотребиле својата функција.

Последниот случај беше во 1993 година, т.н Тамилгејт, кој се однесуваше на незаконското замрзнување на собири на тамилски бегалски семејства воведено во 1987 и 1988 година од страна на поранешниот конзервативен министер за правда Ерик Нин-Хансен. Тој доби условна казна од четири месеци.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!