Вие имате прво да ја знаете вистината

Русија можеби ќе биде принудена да распореди нуклеарни ракети во Европа

Русија денеска соопшти дека можеби ќе биде принудена да распореди нуклеарни ракети од среден дострел во Европа, како одговор на сличните планови на НАТО.

Рускиот заменик министер за надворешни работи, за руските медиуми изјави дека Москва ќе мора да го повлече потегот доколку НАТО не соработува во смирување на тензиите.

Неговата изјава дополнително ќе ги зголеми влоговоите во спорот меѓу Истокот и Западот во кој Русија бара безбедносни гаранции, а САД и нивните сојузници ја предупредуваат Москва да не ја напаѓа Украина, обвинувања што Русија ги отфрла.

Нуклеарните ракети од среден дострел (ИНФ) се забранети во Европа со договорот од 1987 година меѓу советскиот лидер Михаил Горбачов и американскиот претседател Роналд Реган. Вашингтон се повлече од договорот од 2019 година, откако претходно долги години се жалеше дека Русија го прекршува.

Рјабков денеска изјави дека има индиректни индикации дека НАТО планира да распореди ИНФ, бидејќи минатиот месец ја обнови 56-та артилериска команда, која за време на Студената војна управуваше со ракетите „Першинг“, способни да носат нуклеарни боеви глави.

Доколку нема напредок кон политичко и дипломатско решение на овој проблем, нашиот одговор ќе биде од воен и воено-технички карактер, предупреди Рјабков.

НАТО тврди дека нема да има нови американски ракети во Европа и дека може да пресретне руски ракети со „одмерен“ одговор, што вклучува само конвенционално оружје. Но, Рјабков истакнува дека Русија воопшто не му верува на НАТО

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!