Вие имате прво да ја знаете вистината

САД ја надминаа бројката од над 50 милиони луѓе заразени со Ковид-19 вирусот

Соединетите Американски Држави ја надминаа бројката од над 50 милиони заразени со инфекција од Ковид-19 вирусот. Додека Делта видот на вирусот им преставува вистинска закана на Американците, новиот вид Омикрон исто така веќе на големо се шири во САД. 

Според американските медиуми, растот на бројот на новозаразени е значително најголем во постудените делови на земјата. Бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 е во пораст, а бројката е за 20 отсто поголема по Денот на благодарноста, национален празник, кој се слави кон крајот на ноември.

За 4,6 отсто е зголемен и бројот на починати, а вкупниот број на починати во САД ја надмина бројката од 800.000 луѓе. 

Кога станува збор за вакцинација, околу 14 отсто од луѓето во САД примиле бустер т.е. трета доза. Американските медиуми пишуваат дека десет милиони луѓе се во страв од новиот вид на вирусот, Омикрон, поради што примиле бустер доза по празникот, Денот на благодарноста.

Според информациите и анализите кои беа соопштени до јавносте, тие покажуваат дека била потребна речиси една година за да се достигне до првите 25 милиони случаи со инфекција со Ковид-19 вирусот, а за помалку од една година, или 323 дена, тој број се зголеми од 25 на 50 милиони луѓе.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!