Вие имате прво да ја знаете вистината

СЗО: Видот Омикрон регистриран во 63 држави ширум светот

Новиот вид на Ковид-19 вирусот, Омикрон е утврден во 63 држави во светот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), прецизирајќи дека податоците се заклучно со 9 декември.

Според СЗО, видот Омикрон е позаразен од видот Делта и ја намалува ефикасноста на вакцините, но предизвикува поблаги симптоми, како што покажуваат првичните податоци.

Побрзо ширење на видот Омикрон е забележано во Јужна Африка, каде што видот Делта е помалку проширен, но и во Велика Британија, каде што Делта виот е доминантна варијанта.

Сепак, поради недостиг на податоци, не може да се каже дали стапката на ширење на видот Омикрон се должи на фактот дека тој е помалку подложен на имунолошки одговор и дека полесно се пренесува или е комбинација од двете.

Првичните податоци покажуваат дека вакцините се помалку ефикасни во однос на заразата и ширењето на Омикрон, констатира СЗО.

Досегашните набљудувања покажаа дека Омикрон предизвикува блага форма на заразата или асимптоматски инфекции, но според СЗО, податоците се недоволни за да се утврди клиничката тежина на оваа варијанта.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!