Вие имате прво да ја знаете вистината

Снегот од саботата се уште проблем за Македонија: Дваесетина кичевски села без струја повеќе од 48 часа

Снегот кој во саботата изутрина заврна во кичевскиот регион, создаде многу проблеми во електро-дистибутивната мрежа и во одвивањето на сообраќајот, како локално така и на меѓуградски релации. Најгорливиот проблем го почувствуваа селата од Рабетинска Река, Беличка Река и дел од Копачијата, бидејќи жителите на овие села повеќе од 48 часа се без електрично напојување.

-Лепливиот и кашест снег кој во саботата изутрина наврна во нашиот регион, најмногу проблеми создаде во електро-дистрибутивната мрежа, бидејќи во сите делови од општината беа искинати електро водовите што предизвика прекин во електро снабдувањето. Во дел од овие села, по интензивниот ангажман на вработените од ЕВН, нормализирано е снабдувањето со струја, додека 20-ина села се уште немаат електрично напојување, а на тој список се селата:Рабетино, Дупјани, Крушица, Патеец, Козичино, Светорача, Мало и Големо Црско, Прострање, Кладник, Ехловец, Иванчишта, Малкоец и Попоец. Како што сме известени екипите на ЕВН работат на отстранување на дефектите и на нормализирањето со снабдување со електрична струја и на овие селски насеби-истакна Дашмире Адеми, раководител на ПО ДЗС Кичево.

Поголем број граѓани од приградските населби се пожалија дека по големата експлозија на трансформатор во нивна близина, дошло до прегорување на повеќе електрични уреди, како комјутери, телевизори и други апарати.

Што се однесува до патиштата во општината тие се проодни и покрај отежнатото одвивање на сообраќајот поради влажните коловози и остатоците од снег патиштата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!