Вие имате прво да ја знаете вистината

Трагедија во Балтичкото Море, откриена причината за несреќата: Биле пијани

Два товарни брода се судрија во Балтичкото Море меѓу данскиот остров Борнхолм и јужниот шведски град Истад, објавија утрово шведските медиуми, повикувајќи се на шведската поморска управа.

Едниот брод е регистриран во Данска, а другиот е британски, објави шведската јавна телевизија СВТ на својата веб-страница.

„Еден брод се преврте. Не знаеме точно како се случи“, изјави портпаролот на телевизијата SVT, Јонас Францен, за Шведската поморска управа.

„На данскиот брод имаше најмалку две лица“, рече Францен.

Шведската новинска агенција ТТ го цитираше портпаролот на шведската крајбрежна стража дека едниот брод бил долг 90 метри, а другиот 55.

Обвинителите покренаа истрага за несреќата, а прелиминарната истрага покажа дека се работи за крајно невнимание, пишува Би-Би-Си.

Во истрагата за причините за несреќата е вклучена и крајбрежната стража, која се сомнева дека главниот виновник за несреќата е „сосема очигледно пијанство на море“.

Спасувачките екипи засега не можат да ги лоцираат двете лица кои се наоѓале на превртениот дански брод.

Јонас Францен рече дека по судирот се слушнале врисоци од водата. Несреќата се случила во раните утрински часови.

– Многу е студено и темно. Температурата на водата е околу 4 степени Целзиусови, а температурата на воздухот околу 5 степени.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!