Вие имате прво да ја знаете вистината

Швајцарија го отфрли случајот против поранешниот крал Хуан Карлос за перење пари

Обвинителот во Женева денеска објави дека ја затворил истрагата против поранешниот шпански крал Хуан Карлос, осомничен за перење незаконски провизии од Саудиска Арабија, поради недостиг на докази.

Обвинителот Ив Бертоса рече дека открил дека Саудиска Арабија платила 100 милиони долари во август 2008 година на сметка отворена еден месец претходно во банката Мирабо на име на фондација регистрирана во Панама, во сопственост на Хуан Карлос.

Бертоса додаде дека не може да воспостави директна врска помеѓу договорот доделен три години претходно на шпанските компании за развој на ултра брза железница во Саудиска Арабија.

Шпанското кралско семејство одби да ја коментира веста, а Хуан Карлос, кој живее во егзил во Обединетите Арапски Емирати, не можеше да се контактира.

Бертоса отвори кривична истрага во 2018 година по извештаите дека поранешниот крал, кој абдицираше во 2014 година, можеби добил „незаконска провизија“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!