Вие имате прво да ја знаете вистината

Џонсон се закани, Путин одговори: Итни разговори со Западот со цел да се запре секое потенцијално проширување на НАТО на исток

Британскиот премиер Борис Џонсон го предупреди Владимир Путин дека секоја руска акција против Украина би била стратешка грешка со значителни последици.

Тоа го соопштија од Даунинг стрит.

„Премиерот ја нагласи посветеноста на Велика Британија на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и предупреди дека секоја дестабилизирачка акција од страна на Русија би била стратешка грешка која би имала значителни последици“, изјави за Ројтерс портпаролот на британскиот премиер.

Претставникот на Џонсон потврди дека премиерот ја изразил длабоката загриженост на Обединетото Кралство поради акумулацијата на руските сили на границата со Украина и ја повторил важноста од соработка преку дипломатски канали за деескалација на тензиите и изнаоѓање трајни решенија.

Путин повика на итни разговори со Западот

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на британскиот премиер Борис Џонсон за време на денешниот телефонски разговор дека Москва бара итни разговори со Западот со цел да се запре секое потенцијално проширување на НАТО на исток.

„Владимир Путин рече дека има потреба од итно започнување разговори за постигнување јасни, меѓународни правни договори кои ќе го спречат понатамошното проширување на НАТО на исток и распоредувањето на оружје што и се заканува на Русија во соседните земји, особено во Украина“, соопшти Кремљ. Ројтерс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!