Вие имате прво да ја знаете вистината

Џо Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки

Американскиот претседател, Џо Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки по серијата разорни торнада што ја погодија таа сојузна држава.

Ваква одлука побара и гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар. Бајден го примил неговото барање и веднаш го одобрил, изјави претставник од неговата администрација. 

Бишер изјави дека ова се најразорните торнада во историјата на државата, бидејќи дури и најсилните згради биле урнати.

За потсетување, дури 24 торнада се регистрирани ноќите од петокот кон саботата во пет американски држави, а бројот на жртвите се уште не е официјално познат. Се споменува бројка од над 80 луѓе. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!