Вие имате прво да ја знаете вистината

АЛАРМ! НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА заразени ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА ОД ЈАНУАРИ: Манчестер Јунајтед ја ЧЕКА одлуката

Ситуацијата во најатрактивната лига на светот станува се покомплицирана.

Англискиот фудбал има се повеќе проблеми поради короната, а тоа сега го потврдуваат и бројките. Според најновото соопштение на Премиер лигата, во понеделник навечер е забележан најголем број позитивни играчи и членови на клубовите од јануари – вкупно 42 .

Редовните неделни тестови дадоа загрижувачки резултати, а алармот го вклучува и фактот дека минатата недела имало само 12 заразени.

Во моментов најзагрозен е Манчестер Јунајтед кој во понеделникот го „заклучи“ тренинг центарот на 24 часа и го одложи патувањето за Лондон, додека се чека одлуката на лигата за одигрување на натпреварот против Брентфорд во вторник од 20:30 часот.

Заедно со Јунајтед, короната им пречи и на Астон Вила и Брајтон, а останува да се види што ќе се случи со натпреварот на Тотенхем против Лестер (четврток, 20.30 часот), откако избраниците на Антонио Конте не отидоа на натпреварот против Рен минатата недела во Конференциската лига.

Важен факт е дека последниот резултат од прегледот на заразените е направен на најголемиот примерок во Премиер лигата (3.805 лица), а воведен е и поголем број тестови како уште една мерка за запирање на ширењето на короната.

Според сегашниот план, покрај Брентфорд и Јунајтед (20.30), вечер требаше да играат и Норич – Астон Вила (20.45) и Манчестер Сити – Лидс (21).

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!