Вие имате прво да ја знаете вистината

Бразилската убавица го освои 9 години помладиот Ферстапен! шампионот во Ф1 го замени колегата во тимот, а потоа му ја зема и девојката

Финишот на овогодинешната сезона во Формула 1 е нешто што ќе се прераскажува во наредните години и децении.

На контроверзната трка во Абу Даби, Макс Ферстапен во последниот круг успеа да го помине Луис Хамилтон и за првпат во кариерата да ја освои титулата.

На крајот од трката Холанѓанецот доби честитки, но една од најмилите честитки дојде од негова многу блиска личност. Тоа е Кели Пике, ќерката на познатиот возач, Нелсон Пике, кој е трикратен светски шампион.

Покрај нејзиниот татко и сегашното момче кое се занимава со овој спорт, Кели има уште една силна врска со Формула 1. Во 2017 година таа се забавуваше со рускиот возач, Данило Квјат. Кели како плод таа врска во 2019 година ја доби ќерката, Пенелопе.

Сепак таа по само неколку месеци ја прекина таа врска, а Макс Ферстапен скокна во нејзиниот живот, заменувајќи го токму Квјат во тимот на Ред Бул во 2016 година.

Пике се занимава со манекенство, а на Инстаграм ја следат повеќе од 600 илјади луѓе.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!