Вие имате прво да ја знаете вистината

Брисел ја „воспитува“ Софија! ЕУ нареди Бугарија да признае дете од исто-полов брак

Бугарија мора да почне да издава лични документи на дете кое потекнува од истополови бракови, без задолжителен извод од матична книга на родените, одлучи денеска Европскиот суд на правдата (СПЕУ), наведувајќи дека истополовите родители и нивните деца мора да бидат признати како семејство во цела Европска Унија и кај сите земји членки.

Властите во Софија одбиле да издадат извод на дете по име Сара, бидејќи нашата соседна држава не ги признава истополовите бракови.

Сара е родена во Шпанија во 2019 година и добила извод на родените во Шпанија дека нејзините две мајки се нејзини родители, но не можела да добие шпанско државјанство бидејќи ниту една од жените не е со потекло од Шпанија односно едната мајка е бугарска, а другата е од Гибралтар и има британско државјанство.

Во одлуката на судот се наведува дека сите земји-членки се слободни да одлучуваат дали ќе дозволат истополови бракови според нивните национални закони.

Но сепак, во овој случај судот пресуди дека Бугарија, како членка на ЕУ, мора да го признае шпанскиот извод од матичната книга на родените, врз основа на одлуката за слобода на движење на Сара и нејзината мајка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!