Вие имате прво да ја знаете вистината

Ги видов мапите, се беше подготвено, агенти на ЦИА веќе беа во нашите “нуклеарки”, Путин за плановите за распад на Русија!?

Кога би дошло до распаѓање на Русија, последиците би биле потешки и покрвави отколку во Југославија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Со сигурност може да се каже дека тогаш би ни било многу лошо, сега не би се бореле за зголемување на наталитетот, туку би се бореле за опстанок. А трагичниот пример на Југославија покажува дека ако ни се случи тоа што ѝ се случи на Југославија, имајќи ја предвид природата на рускиот народ, и не само рускиот, туку и сите народи кои живеат во Русија, конфронтацијата кај нас може да биде уште пожестока и покрвава отколку при распадот на Југославија, истакна Путин во филмот „Русија. Нова историја„ на ТВ Русија 1.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека западните земји во 1990-тите мислеле дека Русија ќе се распадне и дека тоа е само прашање на време.

Путин рече дека видел видео-мапи на кои се гледа Русија поделена на неколку независни држави, пренесува РИА Новости.

Путин изјавил дека на една средба претседателот на една од источноевропските земји отворено му рекол дека за Европа не е прашање дали Русија ќе пропадне или не, бидејќи се верувало дека тоа е неизбежно, туку само кога тоа ќе се случи и какви ќе бидат последиците за самата Русија, но и за светот, имајќи предвид дека Русија сè уште беше голема нуклеарна сила.

Путин не сакаше да каже лидер од која источноевропска земја му го пренел тоа, наведувајќи дека не добил дозвола од него јавно да зборува за тоа.

Во исто време, рускиот лидер истакна дека претставници на американските специјални служби биле насекаде во 1990-тите. Како што вели, странските специјалци се обиделе да навлезат во сите области.

Јас тогаш не ги носев тие одлуки, работев во Санкт Петербург како заменик градоначалник и не се занимавав со толку висока политика. Но, да, се разбира, ги имало насекаде, па дури и да не биле вработени во американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), веројатно известувале до Стејт департментот и ЦИА за резултатите од нивната работа, изјави Владимир Путин, а пренесуваат Новости.

Тој додаде дека во тоа време не морале да бидат многу снаодливи за да стигнат некаде.

Во исто време, рускиот претседател објасни дека во тоа време е склучен договор со САД, според кој американски експерти може да бидат во нуклеарни компании.

Веќе имавме договор. Потпишавме меѓувладин договор во кој американски експерти беа присутни во некои компании од нуклеарниот систем. Тие беа во нашите компании и доаѓаа таму секој ден, како на работа, забележа рускиот лидер.

Путин смета дека привлекувањето странски експерти да работат во Русија е вообичаена работа, нема ништо чудно и понижувачко во тоа, но во 90-тите тоа се третираше еднострано, поради што претставниците на ЦИА постепено навлегуваа во владините ресори како советници.

Тоа беше особено нормално во 1990-тите, кога земјата спроведуваше пазарни реформи, а немаше многу домашни експерти кои ја разбираа темата, објасни претседателот. Според него, имало теоретичари, а тие што навистина работеле во пазарна економија можеле да се избројат на прсти. Затоа, поканувањето странски експерти е вообичаена работа, изјави шефот на руската држава.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!