Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали ова е најстрогата мерка до сега!? Казна од 3,500 долари за авиокомпаниите кој ќе пренесат невакциниран патник во афричката држава Гана!

Операторот на главниот меѓународен аеродром во Гана ќе ги казни авиокомпаниите со 3.500 долари за секој патник кој не бил вакциниран против Ковид-19 вирусот а пристигнал на аеродромот или кој е позитивен на вирусот а веќе пристигнал во државата, соопшти управата на аеродромот, пренесува CNN.

Правилото стапува на сила денеска (вторник) на меѓународниот аеродром Котока во главниот град на Гана, Акра. Одлуката уследи по потегот на Министерството за здравство на таа држава минатата недела да одлучи да бара како услов од сите луѓе кои влегуваат во Гана да бидат вакцинирани.

Мерките во таа држава се едни од најстрогите во Африка, каде што употребата на вакцини е попречена од недостаток на залихи и логистички проблеми, а новиот вид на вирусот, Омикрон предизвикува загриженост за побрзо пренесување на вирусот.

Заострувањето на ограничувањата поради пандемијата во Гана доаѓаат откако Европската инвестициска банка (ЕИБ) објави инвестициски заем од 75 милиони евра (85 милиони долари) за поддршка на пандемијата – најголемата таква поддршка за програмата против Ковид-19 во суб-сахарска Африка.

Гана презеде значајни чекори за управување со пандемијата и на тој начин овозможува многу долгорочни инвестиции, изјави претседателот на ЕИБ, Вернер Хојер.

Властите во Гана започнаа кампања за масовна вакцинација овој месец пред стапувањето во сила на задолжителната вакцинација, која започнува на 22 јануари следната година за целните групи, вклучително и владини службеници, здравствени работници и студенти.

Државата планира да вработи повеќе здравствени работници за да може да ја удвои вакцинацијата на населението од сегашните 140.000 вакцини што се даваат дневно. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!