Вие имате прво да ја знаете вистината

Дисциплината мора да остане на највисоко ниво: Воздухопловните сили на САД, отпуштија 27 припадници на армијата, поради Ковид вакцинацијата!

Воздухопловните сили на САД соопштија дека 27 припадници биле отпуштени откако одбиле да се вакцинираат против Ковид-19 вирусот.

Воздухопловните сили на САД, наводно, им дале време на своите членови да се вакцинираат најдоцна до 2 ноември, а илјадници одбиле да го сторат тоа или побараа измени на одлуката.

Портпаролката на американските воздухопловни сили, Ен Стефанек, во понеделникот изјави дека ова се првите членови на службата кои административно се отпуштени поради причини поврзани со вакцинацијата.

Таа додаде дека ниту еден од 27-те членови не побарал медицинско, административно или верско ослободување.

Не е невообичаено членовите на војската да бидат отпуштени поради непочитување на наредбите, бидејќи дисциплината е клучен принцип на вооружените сили. Стефанек изјави дека во првите три квартали од 2021 година, околу 1.800 припадници на воздушната служба биле отпуштени поради непочитување на наредбите.

Пентагон ја прогласи вакцината за задолжителна за сите припадници на војската во август, а повеќето активни војници примија најмалку една доза од вакцината против Ковид-19 вирусот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!