Вие имате прво да ја знаете вистината

Др. Глигиќ даде мислење за Омикрон и ефикасноста на вакцините против вирусот. Дали Ковид-19 го достигна својот максимум ?

Податоците укажуваат дека Ковид-19 вирусот долго се задржува во телото.

Вирологот, Ана Глигиќ како гостин во емисиите  за балканските медиуми објасни каков е новиот вид на Ковид-19 вирусот, Омикрон, и дали вакцините ќе делуваат против него. Таа претпоставува дека падот на бројките покажува дека вирусот го достигнал својот биолошки максимум .

Вчера имавме помалку од 1.000 ново заразени. Податоците покажуваат дека вирусот губи чекор од одржувањето кај луѓето. Сепак, мутациите му даваат сила да преживее. Но, Ковид-19 вирусот мора да се задуши. Тоа мора да се случи, бидејќи така завршија сите пандемии во минатото, изјави др. Глигиќ.

Проблемот е што не знаеме каде целоиот вирус има резервоари. Тој останува присутен кај птиците и домашните животни. Птиците се инкубатори за Ковид-19. Ми се чини дека вирусот повторно се појавува. Мутациите зависат од тоа од каде потекнуваат. Пред 15 или 20 дена добив информација дека во Нов Белград е зголемена смртноста на гулабите и тоа нешто кажува, изјавува таа.

Др. Ана Глигиќ верува дека никогаш нема да дојде крајот на Ковид-19 вирусот.

Мора да се вакцинираме и да постигнеме имунитет. Мораме да примаме ревакцинации, но добро осмислени. Вакцините обично се даваат на секои шест месеци, а секоја промена на протоколот дава причина за недоверба кај граѓаните. Сите над 60 години и хронично болните треба да примат бустер т.е. трета доза. Во оптек има многу вакцини на располагање, и тие ќе овозможат заштита за сите мутации, но не знаеме во колкав процент. Засега не знаеме ни колку долго трае имунитетот, изјави др. Глигиќ.

Др. Глигиќ истакна дека вирусот се однесува како херпес.

Податоците покажуваат дека Ковид-19 долго време останува во телото. Сигурно сте слушнале дека некој е заразен од вирусот два пати. Ковид-19 се однесува како херпес или треска од Западен Нил, преживува во телото и активирањето за негово реактивирање може да биде стрес или намален имунитет, изјави др. Ана Глигиќ и истакна дека за време на пандемијата не постојат идеални услови за PCR тестови.

PCR тестот дава 30 отсто лажни позитивни и 30 отсто најчесто се лажно негативни тестови, додаде таа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!