Вие имате прво да ја знаете вистината

Европа покриена под снежна покривка! Повеќе од 30,000 луѓе без електрична енергија во Велика Британија, во Виена се очекуваат најголемите врнежи од снег, Во делови на Словенија снег наварна повеќе од 80 сантиметри!

Околу 30.000 луѓе во северот на Англија и Шкотска останаа без електрична енергија во поголемиот дел од неделата, откако невремето донесе многу снег, мраз и ги предизвика најголемите прекини во инфраструктурата во последните години, соопштија британските власти.

Бурата Арвен донесе налети од речиси 160 километри на час во северните и западните делови на Велика Британија во петокот и за време на викендот. Времето го наруши сообраќајот и предизвика прекин на електричната енергија во станбените згради, особено во руралните и тешко достапните места. Официјални лица соопштија дека три лица загинале во инциденти поврзани со невремето.

Бизнис секретарот на Велика Британија, Кваси Квартенг, изјави во парламентот дека иако речиси милион луѓе, или околу 95 отсто од погодените, биле повторно приклучени на електрична енергија, а додека околу 30.000 останале без струја од средата и во текот на целата мината недела.

Квартенг изјави дека дравата мора да биде подготвена за поекстремни временски услови поради климатските промени. Тој додаде дека властите ќе ги научат лекциите од невремето и дека ќе бидат поотпорни во иднина.

Обилните снежни врнежи го погодија и останатиот дел од стариот континент, од раните утрински часови ја зафатија цела Австрија, предизвикаа големи проблеми во сообраќајот. Поради снегот во некои делови на Словенија нема струја.

Автобус се лизна и удри во бандера во Виена, при што се повредени девет лица, од кои едно потешко повредено и се бори за живот.

Во други делови на Австрија, бројни камиони се лизнаа и останаа на автопатот, што го отежна сообраќајот. Неколку сообраќајни незгоди се случија и низ државата која е целосно покриена со снег. Во Виена се очекуваат рекордни врнежи од снег во блиска иднина.

Добар дел од Словенија е под голема снежна покривка, а во селото Ратече, на крајниот северозапад, формирана е снежна покривка висока повеќе од 80 сантиметри. Поради снежните врнежи прекинато е снабдувањето со електрична енергија во некои делови на Корушка и Штаерска, а имало и проблеми во сообраќајот. Од средата навечер до утринава во Горење наврнаа помеѓу 15 и 40 сантиметри снег, а во областа Бохињ околу 30 сантиметри.

Во Онтарио се забележани некои од најсилните налети на ветерот, достигнувајќи брзина многу над 100 км на час, обајвено според официјалните лица. Тие ветрови ги подигнаа и водите на Големите езера во силни бранови, а властите ги предупредија луѓето да се држат подалеку од брегот на езерото, невремето предизвика поплави во некои крајбрежни области.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!