Вие имате прво да ја знаете вистината

ЕУ на маса со САД и Велика Британија за воведување на можни санкции кон Русија

Европската Унија е во преговори со САД и Велика Британија за можни финансиски санкции против Русија во случај на офанзива против Украина, изјави неименуван извор од германската влада пред самитот на Европската Унија оваа недела.

Зборувајќи анонимно, изворот изјавил дека самитот ќе испрати силна порака за солидарност со Украина, како и предупредување до Русија во врска со зајакнувањето на военото присуство на границата.

Сакаме да испратиме јасен сигнал до Москва дека нема да биде прифатено какво било прекршување на правилата на границата –  додава изворот.

Американските разузнавачи проценуваат дека Русија можеби планира офанзива врз Украина на неколку фронтови следната година и дека во операцијата ќе учествуваат до 175.000 војници. Кремљ ги негира наводите за планови за инвазија и тврди дека Западот е воден од русофобија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!