Вие имате прво да ја знаете вистината

Измерен нов температурен рекорд на Арктикот!

Температурата од 38 степени целзиусови е измерена на 20 јуни 2020 година во Верхојанск, Русија, а тоа воедно преставува нов температурен рекорд на Арктикот, во областа околу Северниот Пол, објави денеска (вторник) Светската метеоролошка организација (СМО).

Измерената температура е повеќе во согласност со Медитеранот отколку со Арктикот, истата е измерена на метеоролошката станица поставена за набљудување на времето за екстремниот и долг сибирски топлотен бран, соопшти СМО.

Овој нов рекорд на Арктикот е еден од серијата за време на набљудувањата пријавени во Архивата за временски и климатски промени, што е повик за будење за нашата променлива клима – изјави генералниот секретар на СМО, Петри Таалас.

Се додава дека во 2020 година е забележан и нов температурен рекорд од 18,3 степени измерени на антарктичкиот континент.

Просечните температури над Арктичкиот и Сибир во текот на летото минатата година беа дури 10 степени над просекот, предизвикувајќи разорни пожари, огромна загуба на морскиот мраз и преставуваа значајна улога во 2020 година, која беше забележана како една од трите најтопли години во историјата.

Арктикот е помеѓу регионите со најбрзо затоплување на глобално ниво и се загрева повеќе од двојно од глобалниот просек.

Областа го опфаќа Арктичкиот Океан со неговите маргинални мориња, голем број острови и потесниот појас на северноамериканските и евроазиските држави.

Истражувачите на СМО моментално работат на потврдување на измерената на температура од 54,4 степени забележани во 2020 и 2021 година во најтоплото место на светот, Долината на смртта во Калифорнија, како и на потврдување на новиот пријавен европски температурен рекорд од 48,8 степени на италијанскиот остров Сицилија ова лето.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!