Вие имате прво да ја знаете вистината

Канадските власти сакаат да се оддолжат на децата на староседелците со отштета од 40 милијарди долари

Канадските власти понудија 40 милијарди долари компензација на домородните деца и нивните семејства за дискриминација додека биле сместени во интернати.

Во септември, Врховниот суд ја потврди пресудата од 2016 година дека владата им пружила недоволна помош на домородните семејства. Беше наредено да плати 40.000 канадски долари (околу 31.000 американски долари) на секое дете кое беше во системот за социјално осигурување по 2006 година. Владата најави дека ќе поднесе жалба на одлуката на судот. Судската пресуда беше објавена во време на јавна осуда и незадоволство, откако во необележани гробници недалеку од училиштата каде насилно ги носеа децата, беа пронајдени останките на повеќе од 1.100 детски тела.

До 1996 година, канадскиот училишен систем насилно ги одвојуваше домородните деца од нивните семејства и ги сместуваше во интернати, каде што повеќето беа малтретирани, тепани и сексуално злоупотребувани. Овој систем требаше да придонесе за асимилација на домородните деца, принудувајќи ги да се откажат од својот јазик и да ги преобратат во христијанство.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!