Вие имате прво да ја знаете вистината

Колапс во Европа, во Виена хаос во сообраќајот, во Словенија без електрична енергија (видео)

Снежната бура ја зафати Европа и предизвика многу проблеми во сообраќајот, снабдувањето со електрична енергија, а соборени се и многу дрвја.

Така обилни снежни врнежи од раните утрински часови ја зафатија цела Австрија.

Тие направија големи проблеми во сообраќајот. Поради снегот во некои делови на Словенија нема струја.

Автобус се лизна и удри во бандера во Виена, при што се повредени девет лица, од кои едно потешко.

Во други делови на Австрија, бројни камиони се лизнаа и се испречија на автопатот, што го отежна сообраќајот.

Неколку сообраќајни незгоди се случија и низ државата која е целосно покриена со снег.

Во Виена се очекуваат рекордни врнежи од снег.

Добар дел од Словенија е прекриена со снег, а во селото Ратече на крајниот северозапад се формирала снежна покривка повисока од 80 сантиметри.

Поради снежните врнежи прекинато е снабдувањето со електрична енергија во некои делови на Корушка и Штаерска, а имаше и проблеми во сообраќајот.

Од вчера вечер до утринава во Горењска наврнаа меѓу 15 и 40 сантиметри снег, а во областа Бохињ околу 30 сантиметри, јави Танјуг.

Екстремните ветрови ја погодија канадската провинција Онтарио и оставија повеќе од 280.000 домаќинства и претпријатија без струја, соопшти локалната дистрибуција на електрична енергија Хидро 1.

Компанијата, која испорачува електрична енергија на околу 1,4 милиони корисници низ покраината, соопшти дека очекува нови прекини додека не се смири ветрот, пренесува Ројтерс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!