Вие имате прво да ја знаете вистината

Компанијата Амазон остра мета на критики поради безбедносни пропусти на нивната работна политика

Компанијата Амазон се соочува со остри критики поврзани со здравствената и безбедносната политика на компанијата, како и нејзините акции превземени во американската сојузна држава Илиноис, каде за време на торнадото кое погоди пет американски сојузни држави, животот го одзема на шест работници во компанијата Амазон, поради не доволна безбедност на фабриката, и не доволна заштита на истата.

Ова никогаш немаше да се случи ако повеќе се грижеа за животите на луѓето отколку за продуктивноста, изјави сестрата на една од жртвите во компанијата на социјалните мрежи.

Компанијата соопштува дека нејзиниот тим брзо реагирал во кризната ситуација кога се случило торнадото. Покривот на фабриката се урнал во петокот кога невремето ја погоди таа област. Портпаролката на Амазон, Кели Нантел, изјави дека компанијата е длабоко тажна поради смртта на работниците.

Меѓутоа, американските медиуми сега го поставуваат прашањето дали компанијата Амазон воопшто има соодветно засолниште за вработените и дали требало да има прекин на работата, со оглед на предупредувањето за лошото време.

Потсетуваме, голем број работници изразија големо незадоволство од политиката на компанијата која не дозволува нејзините работници да внесуваат мобилни телефони за време на работа, па на работниците со тоа им беа ускратени информациите за настаните. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!