Вие имате прво да ја знаете вистината

Лидерот на Белоруската опозиција осуден на 18 години затвор ! Според јавноста оваа казна е неприфатлива

Еден од лидерите на опозициските активисти во Белорусија, Сергеј Тихановски, е осуден на 18 години затвор.

Судењето на белорускиот опозициски активист, Сергеј Тихановски започна во јуни оваа година и беше затворено за јавноста.

Споругот на првата жена од опозициските редови, Светлана Тихановска, е осуден на 18 години затвор под обвинение за организирање масовни нереди и поттикнување на омраза.

Познатиот видео блогер и активист сакаше да се кандидира на претседателските избори во август минатата година, но беше уапсен во мај, два дена откако ја објави својата кандидатура, бидејќи наводно во тепачка на неговиот предизборен митинг бил повреден полицаец.

Тој е познат како автор на слоганот „Прегази лебарка“, кој алудираше на авторитарниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко.

Неговата сопруга, Светлана Тихановска, беше кандидат за претседател против Лукашенко, кој тврдеше дека победил, но според пошироката јавност изборите биле наместени од актуелниот претседател.

Тихановска, исто така, тврдеше дека победила на изборите во август, но, плашејќи се за својата безбедност, следниот ден беше принудена да замине во егзил со своите деца.

Во вторникот, таа ја доведе во прашање валидноста на судот што му судеше на нејзиниот сопруг и изјави дека казната изречена врз него би била неприфатлива за никого.

Ќе продолжам да ја бранам личноста што ја сакам и која стана лидер на милиони Белоруси – изјави таа во видеото објавено на Твитер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!