Вие имате прво да ја знаете вистината

Малта го легализираше канабисот за рекреативна употреба

Малта стана првата европска земја која дозволи ограничено одгледување и поседување канабис за лична употреба, по денешното гласање во парламентот.

Луксембург најави слични планови во октомври, но парламентот на земјата допрва треба да даде зелено светло, објави Ројтерс.

Законот, одобрен со 36 гласа „за“ и 27 „против“, им дозволува на возрасните во Малта да поседуваат до седум грама канабис и да одгледуваат до четири стебла.

Пушењето марихуана на јавно место останува нелегално, како и консумацијата на канабис во присуство на деца, така што секој што ќе биде фатен се казнува од 300 до 500 евра.

Малта исто така се обидува да биде европски лидер во производството на медицински канабис, чие производство беше одобрено во 2018 година, за медицински и истражувачки цели.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!