Вие имате прво да ја знаете вистината

Ми пишуваат лоши коментари за мојот родител. Анастасија Ражнатовиќ одговори на навредите: Горда сум што Аркан ми е татко!

Анастасија Ражнатовиќ после долго време зборуваше за нејзиниот татко Жељко Ражнатовиќ познат како Аркан.

Младата пејачка во нејзиното гостување во емисијата „Преживеани“ зборуваше за семејството, моментите кога нејзината мајка, Светлана Цеца Ражнатовиќ била во затвор и времето кое го поминувала со брат и Вељко. Анастасија видно беше вознемирена темата и зборувањето за нејзиниот татко.

Водителот на емисијата го спомна Жељко Ражнатовиќ Аркан, и ја праша пејачката како се справува со навредливите коментари за нејзините родители.

Не ми е јасно кога некој ќе ми упати навреда за моето семејство односно татко ми, како бил ваков или онаков, а со тоа сака да ме испровоцира. Не знам зошто, и што сакаат да постигнат со тоа тие што ги пишуваат таквите коментари, објаснува пејачката.

Во еден од коментарите стоело – ,,Најлошото нешто во животот”, на што Анастасија одговорила на тој што го напишал ова со прашање, и го прашала: Дали треба да се откажам од татко ми ? Каква врска има тоа со неговото дете ? Секој што е нормален што го знае зборот лојалност и семејство знае дека е нераскинлива врска. Ако некој очекува да се откажам од семејството, тоа нема да се случи, додава таа.

Доколку некој не знаете што има направено, никогаш немојте да коментирате. И како би очекувале некој да се откаже од својот татко, јас ја познавам најлошата страна на светот, а татко ми не е таму. Јас сум горда да бидам негово дете, и да горда сум на тоа тој што ја бранеше нашата земја и секогаш ќе бидам горда на тоа и ќе го сакам засекогаш, истакна таа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!