Вие имате прво да ја знаете вистината

Му го “качи” шеќерот на Александар Вучиќ: Џинот меѓу стативите одбрани три пенали на Маракана (видео)

Црвена звезда не може да го победи Радник од Сурдулица и тоа клуб од југот на Србија е нивната најголемата пречка до новата титула! Сезонава тимот предводен од Душан Ѓорѓевиќ најпрвин ги совлада црвено-белите во Сурдулица, а потоа неговиот тим одигра нерешено на Маракана.

И повторно, еден од хероите на победата беше младиот 22-годишен голман Стефан Ранѓеловиќ ! Џинот меѓу стативите на тимот од Сурдулица е локален херој кој успеа да стигне до третиот одбранет пенал во својот втор натпревар на Маракана.

Првиот пенал за Црвена звезда беше досуден во 36. минута, а Александар Катаи го претвори во гол. Седум минути подоцна беше доседен втор пенал за Црвена Звезда, но сега младиот Ранѓеловиќ успеа одлично да се намести, а Катаи ја префрли топката преку гредата. А слична разврска видовме и минатата сезона!

Пред седум месеци Ранѓеловиќ мораше да влезе од клупата кога се повреди првиот голман на Радник, Иван Костиќ, а кога влезе успеа да им ги одбрани пеналите на Фалко и Иваниќ!

Не можам да го опишам тоа чувство со зборови. Жал ми беше за Костиќ бидејќи се повреди, но повторно кога ја добив довербата од тренерот и кога тој ми рече „ајде, ти можеш“, тоа ми даде голема мотивација, изјави Ранѓеловиќ за MONDO по тој натпревар.

Црвена Звезда сега заостанува два бода зад белградски Партизан кој има одиграно и еден натпревар помалку. Како голем навивач на Црвена Звезда, српскиот претседател Александар Вучиќ сигурно не е многу задоволен од состојбата на тебелата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!