Вие имате прво да ја знаете вистината

Непозната болест во Јужен Судан одзема животи: 89 лица починаа минатава недела

Работна група на Светската здравствена организација во Фангак, во Јужен Судан, ја истражува мистериозната болест од која досега починаа 89 лица, јавува „24 часа“.

Министерството за здравство на Јужен Судан минатата недела соопшти дека непозната болест убила десетици лица во оваа област, една од најтешко погодените од неодамнешните поплави.

Локален претставник здравствените власти изјави дека првите примероци собрани во областа покажале негативен резултат на тестот за колера.

– Решивме да испратиме тим за брза реакција и да направиме проценка на ризикот и истрага. Дури потоа ќе можеме да собираме примероци од болните лица, но веќе добивме информација дека имало 89 смртни случаи, изјави Шеила Баја.

Поради големите поплави не може да се стигне до областа Фангака, па сега се чека хеликоптер кој ќе ги пренесе до главниот град Џуба.

Големите поплави во пограничната држава Унити го зголемија ризикот од ширење на болести, како што е маларијата, а многу деца се неухранети поради недостаток на храна.

Поплавите во Јужен Судан и го отежнаа пристапот на локалната заедница до резервите на храна и другите потреби. Повеќе од 700.000 луѓе се погодени од најлошите поплави во земјата во последните 60 години, соопшти агенцијата за бегалци на ОН УНХЦР, обвинувајќи ги за тоа климатските промени.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!