Вие имате прво да ја знаете вистината

Не можеме да си го погребеме нашето дете, Црквата одбива погреб! семејството на Кика со соопштение до јавноста да прекинат со шпекулациите.

Деновиве заврши еден млад живот, животот на познатата балканска јутуберка, Кристина Ѓукиќ попозната како Кика. Според соседните медиуми, девојката наводно се самоубила. Нејзиното семејство излезе со соопштение во кое побараа од медиумите, како што се наведува, да престанат да шпекулираат што се случило и како девојчето починало.

Со вашите шпекулации и озборувања дека Кика се самоуби, доведовте до тоа да не можеме да си го закопаме нашето дете и сестра затоа што свештеникот не сака да организира погреб како што доликува поради информациите што се шират во медиумите. Во оваа прилика ги замолуваме сите луѓе, медиумите и црквата да ни дозволат достоинствено да се простиме од неа и да ја погребаме според обичаите на СПЦ, се вели во соопштението на семејството Ѓукиќ.

Кристина Ѓукиќ ќе биде погребана на гробиштата Лешче денеска на 14 декември (вторник).

Семејството на Кика сака да дознае како таа починала. Тешко е да се биде без член на семејството, но уште потешко е затоа што се работело за млада личност, личност која штотуку се соочувала со животот, кој наводно самата си го прекинала.

Мајката на младата инфлуенсерка вели дека семејството сака да ја погреба според обичаите на СПЦ , со богослужба што ќе ја служи свештеник. Според изјавата на семејството, свештеникот не сака да ја одржи богослужбата поради сомневање дека девојчето се самоубило.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!