Вие имате прво да ја знаете вистината

Нови детали за бродоломот: „Хрватот и британецот остануваат во притвор. И да, биле пијани“

Двајца членови на екипажот на британскиот товарен брод, британец и хрват, имале недозволено ниво на алкохол во крвта кога се судриле со дански брод во Балтичкото Море, при што загина најмалку едно лице, а сега се во притвор, соопшти во вторникот шведскиот обвинител.

Бродот Карин Хој долг 55 метри се преврте откако се судри со 90-метарскиот шкотски носач во близина на островот Борнхолм во понеделникот навечер.

Еден од двајцата членови на екипажот на превртениот дански брод бил пронајден мртов во трупот на бродот. Се смета дека уште еден член на екипажот е исчезнат, а потрагата во која учествуваа бродови и хеликоптери, беше прекината во понеделник наутро.

Шведското обвинителство ги сомничи за неколку кривични дела – небрежност во поморскиот сообраќај, убиство од небрежност и пијанство.

Двајца членови на екипажот на шкотскиот носач, британец и хрват, беа приведени во вторникот во рамките на прелиминарната истрага. Обвинителот до четврток треба да одлучи дали ќе ги држи во притвор.

„Осомничените во притвор беа во алкохолизирана состојба“, изјави за Ројтерс јавниот обвинител Томас Олвмир. „Едно лице е осомничено за грубо пијанство во море врз основа на дејствија поврзани со несреќата“, додаде тој.

Адвокатот што го застапува осомничениот хрват треба да разговара со него во вторник попладне.

Британецот е осомничен по неколку точки, вклучително и убиство од небрежност и бил на стража во моментот на судирот по кој се превртел помал дански брод.

Неговиот адвокат не беше веднаш достапен за коментар, според Ројтерс.

„Како што сега стојат работите, двата брода пловеа паралелно, а потоа едниот скршна и налета на другиот“, рече Олвмир.

Scotline, кој е во сопственост на Scot Carrier, рече дека има строга политика за употреба на дрога и алкохол и нулта толеранција за прекршување.

Превртениот Карина Хоја бил одвлечен поблиску до копното, а шведската крајбрежна стража планира да го премести во област каде што може да го исправи.

„Другото (исчезнато) лице веројатно не е таму“, изјави портпаролот на шведската крајбрежна стража Валдемар Линдекранц. „Но, не можеме да бидеме целосно сигурни додека не го исправиме бродот и не го истражиме секој можен простор“, додаде тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!