Вие имате прво да ја знаете вистината

Од кога дојде во Скопје на Руте му тргна: тој ќе ја формира новата влада и ќе биде премиер со најдолг стаж во ЕУ

Коалицијата ќе ја сочинуваат четири партии кои се на власт од 2017 година, но ова се, според Ројтерс, најдолгите разговори од ваков тип во холандската историја, разговори кои ги враќаат партиите во коалицијата по изборите на 17 март, кога немаше победници.

Разговорите траеја рекордни 271 ден, бидејќи страните на почетокот на преговорите не успеаја да отидат подалеку од прашањето кој ќе може да седне на преговарачката маса, по неуспешното гласање за недоверба на Руте во април.

Најмногу гласови доби конзервативната партија ВВД предводена од Руте, кој е премиер од 2010 година.

Тој сега е премиер со најдолг стаж во ЕУ, заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Со освоени 22 отсто од гласовите, на Руте му е потребна поддршката од про-ЕУ партијата Д66, Христијанско-демократската ЦДА и конзервативната Христијанска унија (ЦУ) за да обезбеди мнозинство во парламентот.

Договорот на идната влада се очекува детално да биде претставен во среда, откако од Руте ќе биде побарано формирање на новата влада, која официјално треба да почне со работа следната година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!