Вие имате прво да ја знаете вистината

Оливера Балашевиќ повторно ги разлути фановите на Ѓорѓе Балашевиќ! Зошто таа го прави ова !?

Оливера Балашевиќ веќе речиси една година не престанува да ги изненадува бројните обожаватели на нејзиниот покоен сопруг Ѓорѓе Балашевиќ. Имено, сите оние кои цврсто веруваа во романтичната љубовна приказна што ја живееја Оливер и Ѓорѓе, сега се целосно збунети од одлуките што ги носи Оливера.

Одлуката на Оливера Балашевиќ да ги забрани сите емисии посветени на нејзиниот сопруг на платформата Јутјуб беше само почеток на ова, а потоа почнаа да следуват неочекувани постапки.

Оливера повторно ги изненади фановите, кога на корицата на својата книга покрај презимето на Балашевиќ го додаде нејзиното моминското презиме Савиќ. Иако таа ја објаснила оваа одлука со тоа што романот и го посветила на мајка си, која го носела и презимето Савиќ, не успеа да го смири хаосот што го предизвикала на социјалните мрежи, а потоа следуваше уште поголем шок.

Имено, сега сопругата на Ѓорѓе Балашевиќ одлучила да ги избрише сите фотографии со својот покоен сопруг од својот официјален профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Фановите на Балашевиќ воглавно ова не го прифатија, но имаше и такви кои во оваа постапка го гледаа нејзиниот начин како да ја преброди загубата. Што се крие зад одлуката која ја шокираше јавноста, ќе покаже времето или Оливера повторно ќе им даде јавно објаснување на своите следбеници, како што досегаш често правеше.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!