Вие имате прво да ја знаете вистината

Петков ветува нова надеж за крај на опструкциите и почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, пренесува Фајненшл тајмс

Венскиот, Фајненшл тајмс, објави дека новиот бугарски премиер, Кирил Петков дава сигнали дека Софија ќе стави крај на опструкциите за почеток на преговори на Македонија со Европската Унија, ​​откако неговата влада ќе стапи на должност и започне со работа.

Ние сме сто отсто за политиката на НАТО и Европската Унија. Ќе предложиме со нов пристап за Северна Македонија и тоа треба да се направи брзо, за краток временски период, не повеќе од шест месеци, изјави Петков во интервју за Фајненшел тајмс дадено пред гласањето во бугарскиот Парламент во понеделникот.

Фајненшел тајмс коментира дека пресвртот доаѓа откако Бугарија стави вето на преговорите за пристапување на нејзиниот сосед во Европската Унија, минатата година, поради спорови околу историјата и идентитетот. Критичарите тогаш го обвинија Бојко Борисов дека прибегнува кон национализам за да го одвлече вниманието од повеќемесечните протести против организираниот криминал и корупцијата во земјата.

Петков за американскиот економски весник изјави дека новата влада ќе постави нова основа за разговори со Македонија.

Ќе користиме работни групи со цел да се најдат решенија за прашања како што се заедничката економска активност, инфраструктурата, културата и историјата, изјавил Петков.

Фајненшл тајмс ја наведува кризата со Ковид-19 вирусот во земјата како најголем предизвик за новата влада. Изданието потсетува дека Бугарија е помеѓу земјите со највисока стапка на смртност во светот и во исто време е и помеѓу земјите со најниска стапка на вакцинација

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!