Вие имате прво да ја знаете вистината

Пиратски напад во Атлантикот, киднапирани шест лица

Пирати нападнаа грчки товарен брод во меѓународните води на Гвинеја и зедоа шест заложници, изјави денеска портпаролот на данската армија.

Данска фрегата која патролира на Атлантикот долж западниот брег на Африка, поради зголемените безбедносни ризици и пиратски напади, испрати вчера хеликоптер за да помогне во спасувањето на контејнерски брод нападнат од пирати во глисери кај островот Биоко, во територијалните води на Екваторијална Гвинеја. Ројтерс.

Хеликоптерот следел пиратски брод со шест заложници додека пловеле кон делтата на Нигер, но потерата била прекината кога авионот стигнал до територијалните води на Нигерија, бидејќи немал дозвола за влез.

Портпаролот на данската армија изјави дека контејнерскиот брод „Тонсберг“ пловел под либериско знаме, но не потврди кој е операторот на бродот.

Според податоците од глобалната комерцијална база на податоци Eikon Refinitive, контејнерскиот брод „Тонсберг“ е управуван од Conchart Commercial, компанија со седиште во Грција.

Данска во октомври ја испрати фрегатата „Esbern Snare“ во Гвинејанскиот залив.

Минатиот месец, екипажот отвори оган, убивајќи четворица пирати во водите јужно од Нигерија и заробени четворица кои се уште се во притвор во очекување на екстрадиција во нивните матични земји.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!