Вие имате прво да ја знаете вистината

Познат фудбалер доживеал вистински хорор: Го киднапирале по натпреварот, бил врзан пред неговото семејство и му украделе голема сума пари

Репрезентативецот на Аргентина и првотимецот во екипата на Бенфика, Николас Отаменди во неделата вечерта доживеал вистински хорор.

Отаменди бил киднапиран од четири-члена банда при враќањето од натпреварот во кој неговата Бенфика играше со Фамалик. Тие го однеле во неговата куќа во Лисабон, каде му ставиле појас околу вратот, а потоа го однеле во собата каде што била неговата сопруга и неговиот син.

Крадците со закани успеале да украдат многу пари и разни вредни предмети како накит и часовници.

По грабежот, крадците ја напуштиле куќата, а полицијата работи на расветлување на овој случај.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!