Вие имате прво да ја знаете вистината

Политичарите кавгата ја решаваат со тепачка во рингот: Преполна сала, пешкир со натпис „Исус“ и контроверзна одлука на судиите

Кога Садам Хусеин (како поголемиот број диктатори кога не знаат како да ја сочуваат власта на друг начин) започна инвазија на Кувајт, беше јасно дека крајот на неговото владеење започна.

Покрената е најголемата воена операција под покровителство на ОН. Како што се собираа меѓународните сили, се наметна прашањето дали би било подобро да се борат командантите наместо војската.

Командантот на сојузничките сили Х. Норман Шварцкопф Џуниор, рече дека нема ништо против тоа и дека радо би го решил несппразумот со Хусеин.

Американскиот генерал бил висок околу два метри и трениран. Садам Хусеин никогаш не одговори. Така тој за неколку дена беше протеран од Кувајт. Ако само СССР не го запреше Шварцкопф, тој ќе стигнеше до Багдад и ќе го претепаше диктаторот. И немаше да пстои катастрофалната американско-британска интервенција во 2003 година.

Двајца политичари во бразилскиот Амазон покажаа поголема храброст од Хусеин.

Симао Пеишото, водачот на градот Борба, кој се наоѓа на околу 120 километри јужно од Манаус, доби ракавица во лицето, а поранешниот советник Еринеу да Силва го повика да го реши спорот со тупаници на улица.

Пешото рече дека не е некој силеџија што се бори на улица, но рече дека ќе се бори со предизвикувачот во ринг.

Британскиот дневен весник „Гардијан“ достави детален опис на тепачката во училишната сала исполнета, очекувано, до последното седиште. Иако влезот беше платен, но кој не би гледал како се тепа градоначалникот!

Тоа е Бразил така што не може да помине без религија – градоначалникот влезе во рингот обвиткан во пешкир на кој пишуваше „Исус“.

Се започна лошо, Пејксото (39) веднаш го собори Да Силва (45) на подот, но тој се созеде и конечно по три рунди градоначалникот едвај одеше, пренесуваат локалните медиуми, а пишува Гардијан. Да победи со судиската одлука, што предизвика незадоволство кај публиката.

Колку и да звучи забавно, оваа приказна е симптом на длабокиот проблем на демократијата. Шварцкопф ќе спасеше многу животи ако можеше да го победи Садам, но демократските спорови се решаваат со зборови и со механизмите предвидени за тоа.

Кога ги доведуваме во прашање овие механизми на кој било начин, демократијата умира и човечките животи се загрозени.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!