Вие имате прво да ја знаете вистината

Поранешниот светски шампион во бокс и актуелен градоначалник на Киев, Кличко, изјави дека се подготвуваат за војна со Русија

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ја повика меѓународната заедница за поддршка и воена помош за Украина поради, како што тврди, опасноста од руска инвазија.

Се подготвуваме сите низ целата држава, бидејќи може рускиот претседател, Владимир Путин да даде наредба за војна, напиша Кличко во авторскиот текст објавен во германскиот дневен весник Билд.

Поранешниот светски шампион во бокс нагласи дека како војник еднаш се заколнал дека ќе ја брани државата и рекол дека е подготвен да се бори за својата татковина.

Тој напиша дека како градоначалник на украинскиот главен град организира цивилна заштита, а неговите градски власти веќе започнале со интензивирање на регрутирањето и обуката на резервистите за територијална одбрана.

Ние сме европска земја на која и е потребна европска поддршка повеќе од кога било, заклучи Кличко

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!