Вие имате прво да ја знаете вистината

Приведен српски државјанин на автопатот Гевгелија – Скопје: Бил фатен во обид за криумчарење на 28 мигранти!

На автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија вчера го лишиле од слобода лицето К.А. (20) од Прешево, Република Србија, затоа што при преглед во товарно возило „Фиат дукато“, со српски национални ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 28 лица – мигранти.

Како што соопштија денеска од МВР, од пронајдените мигранти 25 биле од Куба (20 полнолетни и 5 малолетни) и тројца од Индија.

Претходно, во 19:20 часот на автопатот на место наречено „Нова петла“ во близина на Гевгелија, тој не застанал на даден знак од полициски службеници, а откако бил стигнат запрел, го напуштил возилото и се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода, се наведува во соопштението.

Мигрантите биле пренесени во Приватен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а лицето К.А. бил задржан во Полициска станица Гевгелија.

Во координација со Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!