Вие имате прво да ја знаете вистината

Пропаднаа плановите на ЕУ! Хрватска му фрли гума за спасување на Милорад Додик: и ставија “вето” на Германија поради Република Српска

Првиот човек на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман се спротивстави на повикот на германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, Европската Унија да воведе санкции за Милорад Додик.

Според балканските медиуми, Германија на состаноците зад затворени врати во Советот на Европската Унија инсистирала најмногу за воведување санкции против Додик, но Хрватска се чини дека била помеѓу оние кои најмногу се противиле на таа идеа да биде реализирана сега.

Гордан Грлиќ Радман

Позицијата на Хрватска е да се даде простор за дијалог. Токму поради тоа непосредно соседство со оваа држава, затоа што ние сме најпогодени или би биле најпогодени од истите санкции. Германија како држава која има повеќе знаење, искуство и повеќе геополитички интерес во однос на одржување на стабилноста, безбедноста и траен дијалог, во наш интерес е да инсистираме на дијалог. Да се ​​убедат сите лидери, функционери, колку е неопходно да се набљудува и да се доживее Босна и Херцековина како земја која е суверена и целосна, и дека нема простор за никаков сепаратизам – изјавил Грлиќ Радман.

Тој додаде дека токму со оваа порака премиерот Пленковиќ отишол во посета на Босна и Херцеговина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!