Вие имате прво да ја знаете вистината

„Работата е сериозна“: Норвешка во следните 4 недели забранува продажба на алкохол, воведува и построги мерки

Четири недели Норвешка го забрани издавањето алкохол во кафулињата, рестораните и хотелите, поради страв од брзото ширење на омикронот.

„Работата е сериозна“, предупреди премиерот Јонас Гар Шторе во понеделникот вечерта. Мерката стапува на сила во среда навечер, како и голем број други мерки, бидејќи експертите предвидуваат дека во земјата наскоро ќе биде доминантна нова, многу позаразна варијанта на коронавирусот, со очекувања на 90.000 до 300.000 заразени дневно во рок од три недели, а болниците тоа не можат да го издржат. Се препорачува на сите што можат да работат од дома, проширена е обврската за носење маски, а Владата препорачува откажување на големите спортски настани. Во понеделникот во земјата се потврдени 958 случаи на омикронска инфекција. Норвешка има 5,4 милиони жители.

Норвешка имаше 4.864 новозаразени (и немаше смртни случаи) во понеделникот, а вкупно до сега починале 1.136 лица.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!