Вие имате прво да ја знаете вистината

Советот на амбасадор оствари средба со Бранко Црвенковски: Секое искуство во политиката би можело да помогне на нашата држава на патот кон ЕУ!

Советот на амбасадори од Македонија, предводен од претседателот, Мухамед Халили, заедно со членовите на Извршниот одбор на Советот, Љупчо Арсовски и Тихомир Илиевски, остварија средба со поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски.

Од Советот информираат дека клучна тема на состанокот биле досегашните и актуелни искуства на земјата кон идното членство во Европската Унија.

Љупчо Арсовски

Беа проценети и некои евентуални можности што се во доменот на надлежностите на граѓанските здруженија и активисти, како што е и македонскиот Совет на амбасадори или на угледни личности со претходни искуства на активни политички позиции, да се придонесе во напорите да се повлече блокадата со која подолго време Северна Македонија е соочена со утврдување датум за одржување на првата меѓувладина конференција со Европската Унија, се вели во соопштението.

Од Советот велат дека согласно процентите, секое претходно политичко и државничко искуство би можело целисходно да се искористи во тој процес. Од таму додаваат дека го поканиле Црвенковски да ги истакне своите погледи и идеи во овој контекст, на трибина во организација на ова граѓанско здружение, што се планира да се одржи првите месеци од мандатот на идното, француско претседавање со Европската Унија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!