Вие имате прво да ја знаете вистината

Таа важи за новата најубава актерка во Холивуд! Вљубениот пар, Зендаја и Том Холанд имаат само една маана (фото)

Јавноста со ентузијазам ја прифати веста дека актерската холивудска двојка, Зендаја и Том Холанд се вљубени. Двојката долго време ја чуваше врската во тајност, но папараците ги фотографираа како се бакнуваат во автомобилот.

Тие се запознаваат во 2016 година за време на снимањето на филмот „Spider-Man: Back Home!“ а на почетокот на сите им се претставувале како блиски пријатели. Меѓутоа, тогаш можеби и така било. За време на турнејата за истиот филм, на многумина гледајќи ја двојката во интервјуата им се чинеше дека хемијата е малку поголема од пријателската.

Иако многумина се обидуваа да ја спојат оваа омилена двојка, во периодот од 2019 до 2020 година, имаше шпекулации дека Зендаја е во врска со Џејкоб Елоди, но таа љубов не траеше долго.

Во август 2021 година, папараците ги фотографираа Том и Зендеја како се бакнуваат во автомобил, додека автомобилот бил запрен на црвено светло во Лос Анџелес. И секако, оттогаш стана јасно дека оваа млада двојка е заљубена. Но како и за сите, така и за овој пар, критичарите им нашле маана – разликата во нивната висина.

Имено, Том е висок 173 сантиметри, додека Зендеја е висока 178 сантиметри, а оваа мала разлика често се гледа на црвениот тепих. Новинарите ги прашаа дали им пречи разликата во висина, на што тие одговорија:

Тоа е апсолутно нормално. Мајка ми е повисока од татко ми. Мајка ми е повисока од сите во фамилијата, изјави Зендаја, додека актерот едноставно изјави дека сите тие озборувања се глупост.

Овие денови парот заедно се појави на црвениот тепих и сите погледи се вперени во нив. Зендаја носеше прекрасна креација на модната куќа Валентино која потсетува на пајакова мрежа, додека Том блескаше во елегантен костум и чевли на црвениот тепих.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!